Ципрас: Во текот на јануари Договорот од Преспа во грчкиот Парламент

Процесите за ратификација на Договорот од Преспа во Грција, ќе почнат веднаш откако кај нас ќе завршат уставните измени и резултатот ќе биде соопштен од официјално Скопје до официјална Атина, додека пак протоколот за НАТО, од технички причини ќе се ратификува подоцна.

Ова го потврди и грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешното интервју за грчката телевизија Опен. Тој детално ги опиша следните чекори што ќе ги преземе неговата Влада за договорот со Македонија да стапи во сила. Според неговите проценки, во текот на овој месец пратениците во Грција ќе гласаат за ратификација. Проценките на Ципрас се дека на македонската страна нема да ѝ биде потребно повеќе од една седмица за да ја извести Грција за уставните измени.

Во однос на втората обврска на Грција, протоколот за членство во НАТО, Ципрас рече дека сѐ ќе зависи од процесите во самата Алијанса. Во однос на последните случувања во владината коалиција, Ципрас коментира не е првпат со Каменос да не се согласуваат, но не верува дека тој има намера да ја турне владата, но истакнува дека се ќе се знае по средбата со Каменос закажана за утре. Во меѓувреме, во дводневна посета на Атина, денеска пристигнува германската канцеларка Меркел, која треба да се сретне со Ципрас, а утре и со лидерот на опозицијата, Кирјакос Мицотакис.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ