Ципрас: Речиси тридеценискиот спор стигнува до крајот

Во обраќањето на годишниот самит „Конкордија“ во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓудругото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името. Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет.

– Презедовме важни иницијативи Балканот да го направиме стабилен, безбеден и просперитетен дел од Европа. Видовме дека постои прозорец на можности за да се надмине едно прашање што беше трн за Грција и Европа речиси три децении. Прашањето со Поранешната Југословенска Република Македонија стигнува до крај. Со почитување на нашата историја, со почитување на нашите народи, рече Ципрас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ