Ципрас: Постигнат е добар договор кој ги исполнува грчките барања

На средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, премиерот на Грција, Алексис Ципрас изјави дека е постигнат добар договор со кој се исполнети грчките барања за уставна промена и ерга омнес.

”Сакам да ви соопштам добра вест. Доаѓам со договор што го постигнав со премиерот на ПЈР Македонија за работите кои што не оптоваруваа и поради кои со години бевме загрижени. Имаме договор, имаме сложено име со географска одредница за сите намени. Нашите соседи ја преземаа обврската за уставна ревизија која предвидува промена на нивното уставно име. Најважната работа е дека во Уставот се менуваат и елементите кои што предизвикуваа недоразбирања и што е особено важно овој договор се гарантира културното богстство и наследство на грчка Македонија. Ова е многу важно бидејќи во минатото имаше многу обиди да се преземе грчкото наследство на Македонија. Договорот ќе влезе во сила и ќе биде ратификуван од грчкиот парламент откако другата страна ќе ги исполни своите основни обврски особено уставната ревизија.  Овој добар договор мора прво да биде имплементиран од нашите соседи за ние да може да продолжиме. Јас најпрво вас ве информирам, а веднаш потоа ќе ги известам и лидерите на политичките партии и ќе го контактирам претседателот на парламентот за веднаш да свика посебна парламентарна сесија да го разгледаме документот. Овој договор е од клучно значење и е крупен историски чекор”, му рекол Ципрас на претседателот на Грција.

Ципрас ќе продолжи на средби со грчките политички лидери како и претседателот на грчкиот Парламент.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ