
Ципрас: Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие референдумот
Грчкиот премиер Алексиси Ципрас смета дека референдумот ќе биде успешен но и дека договорот ќе помине во грчкиот парламент одговарајќи на новинарски прашања во рамките на Меѓународниот саем во Солун. На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев да го добие. Потоа имаме тежок процес, процесот на уставни промени, кој што ќе се финализира кон средината на јануари, тоа е процес што е тежок бидејќи бара две третини од собранието, а потоа секако го имаме процесот со протоколот за интеграција, бирократските процеси во НАТО. Според тоа, во некој момент во февруари ќе одлучам со коалициониот партнер каков ќе биде текот на работите, рече Ципрас. Околу несогласувањата во владата и спротивниот став на коалициониот партнер, Ципрас рече дека ги почитува позицијата и ставот на Панос Каменос, иако апсолутно не се согласува со него.