
Ципрас сака да го види Скопје
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е решен да го види Скопје. Официјланата посета на Северна Македонија тој ја најави во синоќешното обраќање од еконоскиот форум во Делфи, Грција. Ципрас, не ја кажа точната дата, но со себе ќе води економски експерти, а целтта е да се формира Совет за соработока меѓу двете земји.
„Сакам да ви откријам, многу бргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис-делегација. И дополнително ќе пристапиме кон основачки состанок на високиот совет за соработка на Грција и Северна Македонија, со цел да ги истражиме начините за продлабочување на нашата соработка за низа области од заеднички интерес, рече грчкиот премиер и ги спомена економијата, туризмот, енергетиката, културата, воената и полициска соработка.“
Ципрас, за прв пат згазна на македонско тло во Отешово на брегот на преспанското езеро по потпишувањето на договорот во јуни 2018-та. По, ратификацијата во двете земји, Македонија е обврзана за 6 месеци да го преиспита статусот со спомениците и објектите кои упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, со што останува отворено прашањето дали грчкиот прмиер ќе ги види со свои очи спомениците на Александар Македонски и Филип 2 или, пак, владата ќе го стаса рокот за ревизија. Македонскиот висок претставник Никола Димитров, своите 5 мин на самитот ги искористи да ги пофали премиерите Заев и Ципрас за сработеното. Според, него земјите го избрале најтешкиот пат, бидејќи полесниот пат бил – да не се допира ништо.
„Ова не се празни зборови. Навистина се чувствуваме посебно, имаме големо чувство на постигнување, што можеме да се гордееме со она што сме го постигнале денес и светот да каже дека добрите вести годинава доаѓаат од Балканот,“ рече Никола Димитров, Министер за надворешни работи
На пофалните зборови на владите на двете држави, критика, пак, даде лидерот на Нова Демократија Кирјакос Мицотакис за време на панел дискусијата во Делфи, Грција.
„Имаме меѓународен договор, не ми се допаѓа, но е ратификуван меѓународен договор и ќе го почитувам договорот. Јас правам се што можам за да ја објаснам мојата позиција, сметам дека е многу важно да сфатиме дека постојат суштински чувствителности во Северна Грција,“ Кирјакос Мицотакис, Претседателот на Нова демократија
Понатаму, Мицотакис ќе објасни дека постојат прашања на кои можат да работат, , а акцентот го стави на компаниите од Северна Грција кои го користат терминот „македонски“. Истакна дека се комплетно незаштитени, бидејќи „не постои заштита на брендот македонски за трговска употреба“.Во рамки на самитот министрите за надворешни работи на двете држави Никола Димитров и Јоргос Катругалос ќе одвојат време за техничките и практичните преблеми кои секојдневно се појавуваат од договоро кај граѓаните на двете држави.
Павле Беловски