Ципрас: Мора да трчаме за да ги надоместиме загубените 30 години

Мора да трчаме да го надоместиме загубеното време од 30 година во меѓусебните односи, е пораката која денеска од Скопје ја испратија премиерите на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, посочувајќи дека Договорот од Преспа е во полна сила и се исполнува. Тие повикаа да се смени наративот на омраза и поделби. Ципрас притоа даде целосна поддршка за членство на земјава во ЕУ. И Заев и Ципрас веруваат дека доколку во идинина и во двете земји дојдат на власт сегашните опозиции нема да го чепкаат постигнатиот Договор кој отвори нова историја меѓу двете земји и Балканот.

„Лидерот на опозицијата и покрај неговото противење вети дека нема да поставува прашање за Договорот во иднина. Јас не сум тука да критикувам или да се мешам во вашата внатрешна политика, но претпостаувам дека истото ќе се случи и ќе се применува и во Северна Македонија во врска со политичката власт. Во демократски држави, дијалогот и соочувањето, конфронтациите, се две работи кои не се само прифатливи туку и неопходни. Демократиите мора да почитуваат правила и регулативи“, рече Ципрас.

Македонскиот премиер пак рече дека никаде нема пракса на поништување на договори, особено договори со кои се исполнуваат желбите на граѓаните. Според него негодувањето на опозициите во двете земји е од политички причини. Заев рече дека Северна Македонија целосно ќе го спроведе Договорот.

„Треба да знаат граѓаните на Грција дека ние од наша страна целосно ќе го спроведеме Договорот. Тоа значи дека целосно двете страни ќе го спроведеме договорот заради тоа што Договорот носи само придобивки на двете страни“, изјави Заев.

За исполнување на Договорт Ципрас рече дека се формираат специфични институции, како комисијата меѓу двете Министерства за надворешни работи, меѓу министерствата за финансии, но и комисијата за историските прашања, за кои Ципрас рече дека досега добро напредува. Во контекст на спроведување на Преспанскиот договор, тој како позитивен импул смета дека би било обележувањето на античките споменици во Северна Македонија како дел од грчката античка историја.

Во делот на бизнисот беше најавено дека во средината на мај ќе се формира мешовитата комисија која ќе ги решава прашањата околу трговските марки и брендовите, што ќе создаде поповолна бизнис клима. Ќе се укине и двојното оданочување.

„Во рамки на економските односи ќе ги заштитуваме инвестициите и ќе избегнеме двојно оданочување, што во минатото беше голема пречка која не можевме да ја избегнеме, имајќи предвид дека немавме сосема нормални односи изминатите 30 години. 30 години ние беа потребни да ги воспоставиме ови нормални односи“, рече Ципрас.

По потпишувањето на Преспанскиот договор, во изминатите шест месеци, трговската размена меѓу двете земји е зголемена за 20,7 проценти, информираше Заев.

Првата официјална посета на грчки премиер на земјава беше искоритено и да се одржи заедничка меѓувладина седница. Со Ципрас во земјава допатуваа 10 министри и заменици министри, а беа потпишани и повеќе  билатерални договори. Меѓу кои и за соработка на министерствата за одбрана, како и договор во цивилното водухопловство. Ципрас и Заев најавија дека кога земјава ќе стане полноправна членка на НАТО, небото ќе и го чуваат грчки воени авиони.

„Со Република Грција веќе се договара по пат на меморандум меѓу двете министерства, Грција да го покрива нашето небо, обезбедувајќи ја сигурноста и стабилноста. Јас верувам дека никој нема тоа да го откаже заради тоа што тоа е добро за сите, за целиот регион. Знаејќи ја капацитетноста на авијацијата на Грција, ова да стане еден природен договор, кој ќе биде уште само еден чекор на нашата соработка“, изјави Заев.

Грчкиот премиер рече дека Грција ќе го штити небото на земјава без надомест и оти ниту една идна влада нема да може да го преиспитува тој дговор бидејќи е во полза на двете змеји. Според него нема поголем надомест за една земја од стабилноста на соседите и на целиот регион.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ