Ципрас ј прифати оставката на Каменос од позицијата министер за одбранаа и ќе побара гласање доверба на владата

По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс набргу ќе побара доверба од Парламентот, ова го соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерор на Независни Грциja.

Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. И додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.

Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ