Ципрас го презема грчкото МНР како гаранција за Договорот од Преспа

Заев и Ципрас по оставката на Никос Коѕијас како министер за надворшени работи на Грција, во телефонски разговор си размениле гаранции за имплементација на Договорот од Преспа. Ципрас во разговорот, на Заев му пренел дека ја презема под свое грчката дипломатија како гаранција да се реализира договорот за името.

Вчера искомунициравме со Ципрас и двајцата остануваме посветени на она што претставува перспектива на новиот Балкан на 21 век. —0.15       0.38— Тој ме информираше за случувањата во Грција, ном рече дека целосно останува посветен дека ја презема дури и позицијата министер за надворешни работи се со цел – гаранција за да се реализира Договорот од Преспа, изјави Заев.

Заев притоа вели дека е среќен заради целосната посветеност на Грција на Договорот, потврдувајќи дека иста таква посветеност има и од македонска страна.

Потврда за телефонскиот разговор Заев – Ципрас стигна и од портпаролот на грчката владата Димиторс Ѕанакопулос, кој притоа изјави дека Заев и Ципрас се обврзани од Договорот од Преспа и оти ќе направат сѐ што е во нивни раце за да се искористи оваа можност што постои во овој моменти да може конечно да се помине кон следниот чекор во односите меѓу двете земји, но и за стабилност на Балканот.

Договорот од Преспа не само што е жив, туку е и централна политичка цел за нас. Освен тоа, треба да кажам дека оставката на господинот Коѕијас, за мене е политички неразбирлива, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на владата на Грција.

По оставката на Коѕијас со писмена изјава се огласи и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој ословувајќи го Коѕијас по име, му посака добро здравје и успех во сите идни предизвици.

Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина“, наведува Димитров во писмената изјава.

Димитров во изјавата вели дека со Коѕијас имале интензивни месеци на комуникација и оти станале вистински пријатели, но и оти во период од една година успеале да направат нешто кое во претходните 27 години се сметало за невозможно и го склучиле историскиот договор од Преспа.

За оставката на Коѕијас се огласи и американскиот Стејт департмент заблагодарувајќи му се на посветената работа за подобрување на грчко-американските односи и улогата која ја имал во историскиот договор за името со Македонија. Од Стејт департментот ја повторуваат силната поддршка за Договорот од Преспа.

САД силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што ќе и дозволи на Македонија да го заземе нејзинотот заслужено место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија“, се наведува од Стејт департментот.

Оставката на Коѕијас денеска во грчките медиуми се анализираше и во делот на задржувањето на мнозинството на СИРИЗА во парламентот, ако се знае дека Коѕијас е лидер на двжењето ПРАТО чии тројца пратеници се дел од владеачкотот мнозинство.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ