
Цимерите на притвореникот кој почина минатата недела се негативни на корона
Негативни на корона се тројцата цимери на притвореникот кој почина минатата недела во затворот во Шутка а посмртно се утврди дека бил заразен. Ова се резулататие од тестирањето, потврди директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахииќ. Тој вели дека добиле резултати за најголем брoј на тестираните и сите до сега се негативни се негативни. Од затворската управа велат дека денеска е мирно во затворот, откако вчера дел од притворените најавија штрајк.
Вчера во затворот почина и а 23-годишниот притвореник од Гостивар но се чека официјален одговор од Институтот за судска медицина кој денеска треба да изврши обдукција на починатиот и ќе му биде земен брис за тестирање на корона вирус.
Од затворската управа вчера објаснија дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот. Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми. Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење. Починатото момче било во притвор од 18-ти декември.
Директорот на ЈЗУ од Здравствениот дом во Скопје, Виктор Исјановски вчера во Топ Тема на Телма изјави дека притвореникот немал симптоми на Ковид 19 и според него причината за смртта најверојатно е друга, но обдукцијата тоа треба да го покаже.