
Цензусот исполнет, претседател ќе биде избран, одѕивот над 40 отсто
Постигнат е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Републиката во вториот круг на претседателските избори.
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти.