Централен регистар на население за олеснување на пописот

Централниот регистар на население ќе биде помошна алатка за спроведување на пописот и прочистување на Избирачкиот список.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски се надева дека  партиите ќе постигнат консензус и законот за попис ќе се донесе.

Институциите ќе ги користат податоците од регистарот  за потребите при давањето услуги.Тие ќе бидат заштитени.

За секој граѓанин ќе се воведе единствен електонски број.Проектот чини 5 милиони евра и е финансиран од ЕУ.

Според податоците во Македонија се регистрирани 2 867 229 жители.

Со активен престој се 2 422 484  од кои 30 000 се транци. 175 553 се пријавени дека живеат во странство: Нема податоци за оние кои ја напуштиле државата и се на привремена работа во странство.

Централниот регистар ќе биде единствената база во која ќе се чуваат податоците за населението а наскоро ќе биде пуштен во употреба и Националниот портал.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ