
Центарот за јавно здравје наскоро ќе се вклучи во тестирањето на граѓаните за корона вирус
За да се забрза процесот на тестирање и добивање резултати од брисевите на граѓаните кои се сомнителни за заразеност со корона вирусот, наскоро ќе започне да се користи и лабораторија во центарот за јавно здравје.
Во однос на поплаките на луѓето дека чекаат долго време за резултати од брисевите и дека самиот процес од земање брис па се до добивање на резултатот, директорот на центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, одговори дека тие имаат 4 пункта на кои се земаат по 30 брисеви дневно. Освен тие брисеви, по домовите одат 4 екипи, при што просечно се тестираат просечно по 10 први контакти на луѓето кои се позитивни на Ковид -19.
Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, проф др Виктор Исјановски, оцени дека актуелната криза со пандемијата корона вирус јасно покажала дека се потребни што е можно повеќе лаборатории, за да се покријат поголем број луѓе.
“Не може Здравствен дом, кој го покрива цело Скопје, голем број на жители, да нема своја лаборатија или Воена болница да нема своја лабораторија. Не е лошо една ваква микробиолошка лаборатија, да имаат поголемите здравствени организации во иднина, за други пандемии, за што побрзо да се прават тестовите”- вели професорот Исјановски.