
Центар спротивно од Кисела Вода: „ДУП за Корчагин без згради со двојно повеќе зеленило“
По кратка дискусија со громогласен аплауз и со гласовите на опозицијата предвоена од ВМРО-ДПМНЕ, општина Центар изгласа уште детален урбанистички план кој беше ставен под моратирум за градба и замина на ревизија. По повтореното цртање, планерот успеал да вгради 250 паркинг места без да се узурпираат зелените површини, една градинка и само две нови станбени згради не повиоски до 6 ката.
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ крена рака ЗА, а градоначалникот му вети пијалок на архитектот.
Општината се уште го чека најспорниот дуп да се врати од ревизија откако во јавноста одекна веста дека инвеститор има намера да изгради 3 шеесетктаници спорти Холидеј Ин, бидејќи тоа го дозволува донесениот урбанистички план.
Дебатата во советот продолжи со дискусија како да се потрошат останатите општинските пари оваа година. На инсистирање со амандмани мнозинстовто пратеници ја поддржаа претседателката на советот Белчевска дел од планираните пари за 2019-та во неколку програми да се пренаменат и потрошат до крајот на годината за животната средина зеленило. Предлогот на Белчевска со амандман на програмата за спорт и рекреација 2,5 проценти или 500 илјади денари од парите за поддршка на кошаркаркиот клуб „Работнички“ да се наменат за ангажирањето на лични асистенти за деца со нетипичен развој во општината не наиде на согласност кај советниците. Со образложување дека не постојат законски основи за лични асистенти ќе се намнат само првично предвидените 100, 000 денари.
Павле Беловски