Центар го прекрои ДУП-от со акцент на зеленилото – Аеродром и Кисела Вода продолжуваат по старо

Наместо кафеани, на парцелите кои се во државна сопственост ќе има центар за лица со попреченост. Тројно повеќе зеленило од згради и паркинзи е предвидено со Деталниот урбанистички план за населбата Пролет во општина Центар.

Градоначалникот Саша Богдановиќ го презентираше детлниот урбанистички план кој беше ставен под моратирум за градба и замина на ревизија. По повтореното цртање, планерот успеал да вгради 250 паркинг места без да се узурпираат зелените површини, една градинка и само две не повиоски до шест ката.

Следен Детален урбанистички план кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче. Богдановиќ најави и јавна анкета и кажа дека во фоку ќе бидат барањата на граѓаните.

Наспроти напорите на општина Центар да се слушнат сите засегнати страни градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром остануваат на своето. Деновиве во неколку наврати Филип Темелковски и Златко Марин повторија дека не можат да ги прекројат деталните урбанистички планови кои ги наследиле од своите претходници.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ