
Цените за погребување на жртви од Ковид – 19 ќе поефтинат
Намалување на цените за сите погребални услуги за 7 до 10 илјади денари каде покојникот починал од Ковид-19 е одлуката на управниот одбор на АД Бутел по бројните реакции на семејствата на жртвите на Корона вирусот. Цените на погребните услуги беа намалени дури по реакцијата на министерот Филипче.
- Тоа ќе се прави како пресметка минусирање на вкупниот износ на фактурата за погребот. Тоа ќе зависи од дестинацијата од каде што ќе се превземе починатото лице, превозот и употребената погребна опрема. Можеме да кажеме дека оваа одлука ја донесовме како помош на погодените семејства, колку ние можеме да помогнеме бидејќи се големи финансиски средства, вели Елица Матевска, правник во АД Бутел погребен сервис
Семејствата на жртвите на Ковид 19 во изјави за КОД реагираа дека мора да платат плус 500 денари бидејќи телото поминало ноќ во капела и различни ставови кој го земал телото.
- Нешто без кое не може да се организира погребот е подигнувањето на телото од здравствената установа каде што е починато. Потоа го имаме превозот од здравствената установа до капела и каде што мора да биде сместено во ладилник. Потоа сместувањето во ладилник е под АД БУТЕл. И таа услуга не се плаќа кај оператор туку кај АД Бутел, вели Матевска.
Лимените сандаци се задолжителни за вакви случаи согласно протоколот на Министерството за здравство. Но граѓаните реагираат дека не сите лимени сандаци имаат иста цена.
- Единствениот тип на сандак кој не може да се избере е лимениот сандак. Тој зависи од димензијата на починатото тело и материјалот кој ќе се употреби, додека дрвениот сандак од погребната опрема која се нуди, вели Матевска.
Според истражувањатата на КОД во Скопските болници имаше жртви од Дебар, Струга, Прилеп, Куманово, Велес, Тетово. Во сите случаи покрај тоа што не е наведено дека Бутел треба да биде ексклузивен погребален оператор сепак болниците веднаш се јавуваат на овој оператор.
Нина Стефанова