
Цената на доматите падна на 20 денари
Неславен старт на откупот на домати во струмичко. Само една недела по почетокот на бербата на производството од пластениците, цената е 20 денари за килограм. Земјоделците се загрижени и се надеваат дека станува збор за привремен проблем во откупот.
Велков вели дека трговците две децении тргуваат со исти побарувачи и малку се работи на отворање на нови пазари, поради што во откупот често се појавуваат исти проблеми.
Откупот на доматите почна пред десетина денови по цена од 35 до 40 денари за килограм. Во следниот период се очекува најголема понуда, затоа што ќе стаса речиси целото производство од пластеници.
Сузана Мицева