
Целиот договор за решавање на спорот за името објавен на англиски јазик
Во Грција веќе е објавен целосниот договор за надминување на спорот за името од кој се истакнува новиот назив на нашата земја како Република Северна Македонија со ерга омнес принципот, односно за севкупна употреба со прифатени уставни ревизии.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, постигнатиот договор со Македонија кој е напишан на 19 страници, веќе го доставил до грчките политички партии. Во петок Ципрас договорот ќе го претстави пред Парламентот на Грција.
Од македонската влада најавија дека утре на владина седница ќе го декласифицираат договорот и дека ќе го стават на увид на јавноста.
Целиот договор на англиски јазик може да го прочитате на следниот линк.