Цела листа на повреди на мозокот има претепаното бебе, со едното око не гледа

Здравствениот инспекторат истражува, како се следела здравствената состојба на девојчето кое беше донесено на КАРИЛ претепано. На матичен лекар било однесено 5 пати во 14 месеци колку што има, секогаш за респираторни проблеми, но никогаш по втор пат не било на контрола. Не е влезено ни во евиденцијата за вакцинирани деца.

Сега тоа се наоѓа детска од каде и официјално потврдуваат дека поради сериозните повреди со едното око за сега не гледа. Огромна е листата на повреди и на мозокот велат од таму, но се уште е рано да се предвидува дали и какви трајни последици ќе остават повредите.

Девојченцето пред десет денови беше донесено од мајката претепано, а таа во неколку наврати ги менуваше сведочењата. Од тоа дека паднало од креветче до тоа дека заедно биле малтретирани од човек со кој живеела последниот месец. Докторите открија дека бебето има и нови но и стари повреди и на мозокот и на нозете. Од МВР велат се работи на случајот за да откријат чија жртва е детето, од обвинителството велат дека се изработуваат анализи на днк траги и други вештачења.

Билјана Николовска

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ