Царовска со часови на исказ во обвинителството за ПИОМ

По кривичната пријава против непознат сторител, во основното јавно обвинителство на распит се јави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Повеќе од 2 часа, Царовска одговарала на прашања на обвинителката Лидија Раичевиќ за случајот со 19-те милиони евра во ПИОМ, но пред медиумите остана взодражана и не сакаше да изнесе повеќе детали.

Недоволни биле тврдењата на Царовска затоа Надлежниот обвинител ќе ги бара од Државниот завод за ревизија извештаите за ревизија во Фондот во критичниот период, а на распит ќе го повика и претставникот на Фондот за да даде свое појаснување.

Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ, велат од ОЈО.

Претходно, лидерот на владиниот коалиционен партнер ДУИ, Али Ахмети, ја посочи министерката дека „отвора специјална војна“, во контекст на тоа дека во периодот за кој се однесува скандалот се опфатени тројца директори на ПИОМ од неговата партија. Сега Царовска топката ја рпефрла во обивнителството, а нејзината улога ќе биде само сведок.

Владината функционерка која информираше за аферата со непрефрлање на придонесите во вториот пензиски столб изминатите десетина години, уверува дека владата веќе објави дека обештетувањето од 19 милиони евра на идните пензионери веќе е започнато.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ