Царовска на средба со директорите на приватните пензиски друштва, на ПИОМ и на МАПАС

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во просториите на Министерството ќе одржи работна средба со директорите на приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво и САВА Пензиско друштво и со директорите на Фондот на ПИОМ и на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Состанокот следува откако Царовска викендот обелодени дека на 12 илјади осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се во двостолбниот пензиски систем, повеќе години не им биле префрлани средства во вториот столб, по што вчера Министерството за труд и социјална политика достави кривична пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство.

Покрај пријавата, доставени се и сите документи од анализата на пензискиот систем со која се откриени неправилностите при распределбата на средствата.

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, пак, вчера преку соопштение наведе причини поради кои, како што вели,  не се распределени осигуреници во вториот пензиски столб.

Трансферот за обесштетување на осигурениците чии средства не биле префрлани во вториот пензиски столб треба да почне денеска, а првата исплата ќе опфати 4.926 осигуреници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ