Цане Мојановски: Современата држава не можат да ја уриваат застарени теолошки погледи

Не стивнуваат реакциите по вчерашното прославување на еден од нјаголемите верски празници во земјава. По, шоканатната изјава на реисот на ИВЗ дека корона вирусот е мртов, миснитрот Вилипче со контра став дека е жив и сеуште зболуваат луѓе. Разочаравувњето од непочитувањето на мерките, кршењето на забраната за масовни собири, недржењето на дистанца и неносењето на маски ги изрази на совјот фејсбук профил.

„Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат. Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект.“, напиша министерот Венко Филипче.

Пандемијата ги извади на површина застарените теолошки гледишта кои не се прилагдуваат на една современа држава, особено кога се спротиставуваат на политките кои се однесуваат на јавното здравје. Потфрли и државата која ги запостави версктие заедници, а со тоа се поништија границите на секуларизмот, оценува експертот за верски прашања и универзитетски професор Цане Мојановски. По борбата со пандемијата, да се вратиме на прашањето одвојувањето на религијата од институтциите .

Не само што не се внимателни верските претставници туку отидоа до таму што панедемијата ја прогласија за мртва, а дозволија на обредите во верските објекти да не се почитуваат мерките на владата. На сметка на секуларизмот, владата одмолчи и не следуваше ниту една казна, е ставот на политичкиот експерт.

ИВЗ и МПЦ можат да имаа погледи за актуелни прашања, но да се инсистира на обреди и практики со кои се загрзува јавното здравје е лична одговорност, е заклучокот на двајцата експерти кои побара одговронсот за прекршителите на здравствените препораки. Иако техничкиот премир Оливер Спасовски ревносно порача дека никој не е над државата, токму државата остави простор во карантинот за утрински молитви, и не ги затвори верските објекти за најголемите празници, на двее најголеми верски заедници. Единствено скапо оро, по празникот Велгиден платија гевгеличани, а полицијата сеуште го испитува наводниот случај со лица кои играат оро во Чаир, за време на полициски час.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ