Трпески: Нема опасност по денарот

Ако го преживеавме ембаргото и сега ќе преживееме, но важно е со колкави штети ќе излеземе од оваа криза – вели во разговор за Телма, Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народната банка. Според Трпески мора да се носат брзи но не и избрзани мерки, секојдневно да се следи ситуацијата и да се помогне стопанството. Мора да се зголеми фискалниот дефицит, а се зависи колку ќе трае пандемијата, ако трае подолго тогаш ќе мора и повеќе да се задолжуваме. Трпески категоричен – нема опасност по денарот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ