
Тротоари и залени површини узурпирани од автомобили
Поради недостиг на слободни паркинг места во Тетово и натаму се узурпираат јавните површини. Сликата со зафатени тротоари и зелени површини е вообичаена. Секое излегување со автомобил е ризик, ретко може да најдеш место за паркирање, па некои луѓе веќе не ни помислуваат да возат низ Тетово.
Во градот има околу 700 паркинг места а според одредени полициски податоци, дневно во Тетово гравитираат околу 60 000 возила. Оваа огромна разлика уште повеќе се зголемува, ако се земе предвид фактот дека катни гаражи нема, плацеви со паркинг места се пренаменуваат во локации за градење, а а инвеститорите кои ги градат новите згради не предвидуваат паркинг места за станарите. Универзитетскиот професор Енис Јакупи, вели дека постојат иновативни решенија за брзо решавање на проблемот, но за да се спроведат истите потребна е волја од властите но и приватнит сектор кој се занимава со градежништво.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, рече дека општината работи на решавање на проблемот со паркинг просторот. Таа најави дека наскоро ќе се прошири зонското паркирање на останатите улици и булевари во градот.
Зонското паркирање во Тетово се воведе уште во 2015 година, но само на булеварот Маршал Тито, на дел од булеварот Илинденска, и на неколку улици во рамки на Б зоната. И покрај многуте ветувања, локалните власти не успеаа да го прошират зонското паркирање во останатиот дел од градот.
Зоран Димовски