Тројца затвореници штрајкуваат со глад

Тројца затвореници од Струмица, Струга и Скопје започнаа штрајко со глад во Штипскиот затвор.

Веде директорот Тодоров за Телма потврди дека еден од затворениците, тој што е од Струга, бара да биде преместен од Штип во затворот во Струга согласно одлуката за амнестија, а останатите двајца затвореници поради соодватна здравствена услуга која во затворот не можат да ја добијат.

Тодоров вели дека барањето на осуденикот од Струга за преместување во затвор во Струга ќе биде  реализирано откако ќе заврши процесот за амнестија.

Согласно Законот за амнестија на ова лице казната му е намалена под три години. Директорот Тодров вели дека барањето на лицето ќе биде доставено до Управата за извршување на санкциите која треба да одлучи што поматаму со овој случај.

Во текот на денот разговор со осудениците кои штарјкуваат со глад извршил и раководителот на штипската канцеларија на народниот правобраните Елена Ѓорѓоноска Маневска, која со секој од осудениците посебно разговарала со што е утврдено дека во штипскиот затвор од денеска со глад штарјкоуваат тројца затворенице.

Во изминатите неколку дена согласно Законот за амнестија над 20 осуденици го напуштија затворот во Штип.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ