
Тројца разбојници со калашњикови ограбиле 27-годишен маж пред банка
Полицијата потврди дека пред експозитура на банка во скопски Сарај, маж бил жртва на вооружен грабеж.
Тројца вооружени со автоматски пушки го ограбиле 27-годишниот клиент на банката и му ги зеле парите кои ги имал со себе пред експозитурата во центарот на Сарај.
По разбојништвото тројцата вооружени со калашњикови избегале во правец на Матка со автомобил.
Порталот 360степени.мк објави дека од жртвата биле украдени 2 милиони денари, (околу 33 илјади евра).