
Тројца починати и 15 новозаболени со Ковид-19
Седуммина заболени од Ковид-19 оздравеа а тројца починаа на Инфективната клиника. 40 годишен жител на Кочани и двајца тетовци на возраст од 65 и 69 години. Освен повозрасниот пациент од Тетово кој имал тумор, другите двајца немале минати болести, но министерот вели имале тешка клиничка слика на болеста.
Последното деноноќие има 15 нови регистиррани случаи од направени 202 теста. Помалиот број на тестирања министеот го објасни со тоа што во недела се работи со дежурства и е помал капацитетот за тестирање. Најмногу дијагностицирани последното деноноќие има во Куманово 8, 4 во Скопје и по еден во Тетово, Струга и Штип. Вкупната бројка достигна 570. Во Скопје 239. Следен град е Куманово со 121 граѓанин позитивен на корона вирусот.
Епидемиологот Владимир Миќиќ од Институтот за јавно здравје предупредува дека дека бројот на случаи ќе расте, но вели смртноста во земјава е меѓу пониските во регионот и се движи под 4 проценти. Дали ќе има нови градови жаришта на Ковид зависи од тоа дали граѓаните ќе ги почитуваат мерките и социјално ќе се дистанцираат.
Епидемиологот објасни дека според некои испитувања, има индиции дека населението кое ја примило БСЖ вакцината против туберколоза е поотпорно на Ковид 19.
Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста кон Ковид-19. Ќе потенцирам дека се работи за многу рана фаза од овие испитувања за да можеме да донесеме каков било конкретен заклучок или да ја препорачаме како мерка за масовна употреба. Постојат индиции дека тоа е можеби така, како што се впрочем и третманите кои се користат, но сè уште е далеку од фаза да биде дефинитивен доказ, рече тој.
18 деца до 9 години до сега биле позитивни на коронавирусот но биле со лесна форма на болеста и немало потреба од подолга хоспитализиција. На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 70 пациенти, од кои 8 се на механичка вентилација и 10 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола која од вчера е регионален центар за Ковид-19 е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер и на сите пациенти од Струшко кои претходно беа хоспитализирани во болницата во Охрид.
Елена Ивановска Мукоска