Тројца напуштаат, тројца блиски на функционери се вработуваат во државно

Откако побара да се повлечат премирот Зоран Заев со нов метод ќе ги “чисти“ нововработените роднини на функционерите во државните претпријатија. Сега на помош ги повика и невладините организации.

Иако Заев тврди дека повлекувањата треба да важат и за коалициониот партнер ДУИ, таков глас не стасал до министерот за економија, кој вели дека ниту ја вработувал неговата сестра ниту ќе бара таа да напушти во МЕПСО.

Минситерот за земјоделие е син единец и не вработил никого, но за неговиот братучед, дипломецот од Јапонија воопшто не се заложил. И тој нема да бара да се повлекува.

Најатрактивна компанија за вработување на блиските членови на владините функционери и натаму останува компанијата ЕЛЕМ, која од скоро се засилила со синот на заменик генералниот секретар на Владата Тахир Хани . Сопругата, пак, на првиот човек на ЕЛЕМ Алксандра Миновска е од ново вработена во централниот регистар како шефица на кабиентот на директроката Марија Јанковска- Бошковска.  За сите нови вработувња, прашан вицепремирот Кочо Анѓушев ќе рече бројот на вработувања е поголем во приватниот сектор, отколку во државно.

Заев вели дека не сака да биде како неговиот претходник Никола Груевски и да се соочува со скандали со партиски вработувања, па откако разговарал со партискиот портпарол и генералниот секретар на партијата, и Костадинов и Кирацовски ги повлекоа роднините од државни претпријатија. Последен се огласи и синот на пратеникот Горан Мисоски, Христијан Мисоски, кој денеска ја напушта агенцијата за супервизија и осигурување.

„Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера  човек во државава да повлече потег кој е штетен за него, покажувајќи интегритет и дигнитет“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Синот, на пратеничката Мира Стојчевска, кој е  вработен во ЕЛЕМ и ќерката на Талат Џафери, сеуште не поднеле оставки велат од компанијата. Конкурсот, приложената документација и дговофрот за врбаотување иако најви не го побарал новиот состав на комисијата за спречување комисија, којашто совен овие две на црна лсита стави уште 16 лица, роднини на функциоенри врбаотени во државни и јавни претпријатија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ