
Тројца напаѓачите на Ваљон Беља добија забрана да му се приближуваат, четвртиот е во бегство
Тројца напаѓачи на економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља добија мерки на претпазливост а четвртиот кој пукал во него е се уште непознат за истражните органи.
Тројцата скопјани кои вчера беа приведени на предлог на скопското обивнителство, Кривичниот суд доцна ноќеска им определи 4 мерки: забрана да му се приближуваат на оштетениот Ваљон Беља, забрана да го напуштаат градот, редовно да се јавуваат во суд и доземен пасош. За четвртиот кој го застрелал и се уште е недостапен ќе се одлучува откако ке биде иднетификуван и приведен
Обвинителството отвори истрага и ги сомничи тројцата напаѓачи за кривично дело насилство за кое е предвидена казна затвор од 3 до 10 години. Според соопштението на обвинителството, на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.
Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, стои во соопштението од ОЈО Скопје.
Од мвр претходно објавија: На 20.12.2018 година во 17,45 часот било пријавено дека на улица „Лазо Трповски“ во Скопје било пукано во В.Б.(40) од Скопје. Според пријавеното, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н. . В.Б е пренесен во Градска општа болница “Св.Наум Охридски”.