
Тројца македонски државјани задржани на брод во Јапонија поради коронавирусот
Коронавирусот зароби македонски државјани на брод кој сега е претворен во карантин на вода, во Јапонија. Информациите за македонската јавност ги потврдија од МНР. Повеќе детали чекаат од нивните колеги од Јапонија. Се уште не е познато што правеле македонските државјани на бродот ниту дали некој контактирал со нивните семејства.
Според последните информации добиени од Министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица на бродот кај кои е пронајден овој вирус, велат од МВР.
Властите во Македонија ја следат состојбата со заразата која е глобална опасност. Термо-камерите на скопскиот аеродром скенираат патници кои имале транзитна поврзаност со ризичните региони. Кинески работници кои редовно патуваат на релација Кина-Македонија, ќе поминат две недели во карантин таму пред да се вратат да работат во земјава. Токму таму, во Кина има најмногу болни – 28 илјади луѓе. Вирусот во светски рамки досега одзема 565 животи.
Петар Догов