Тројца кандидати за претседател на државата

Официјално: тројца универзитетски професори ќе водат кампања  за претседател на државата. Редоследот на гласачкото ливче ќе биде утврден со жрепка во текот на утрешниот ден. Државната изборна комисија потврди дека сите тројца ги исполнуваат предвидените услови, односно собрале над 10 илјади граѓански потписи. Претседателот Дерковски апелира кампањата што почнува на 1 април да биде демократска и фер презентација на идеи.

Изборниот штаб на професорот Стево Пендаровски приложи потписи на 32 илјади граѓани. Очекуваат Пендаровски да биде изборот на сите граѓани зашто тој ќе ја води земјата кон ЕУ и кон НАТО.

Изборниот штаб на Гордана Силјановска-Давкова приложи речиси 17 илјади потписи. Велат дека професорката и ВМРО ДПМНЕ заедно ќе се обидат да го вратат идентитетот на институциите. И тие ветуваат европска кампања.

Пред два дена, Изборниот штаб на професорот Блерим Река поднесе кандидатура до ДИК. Најавија дека ќе бараат поддршка од сите граѓани, без оглед на етничката припадност. За да биде избран претседател на 21 април потребно е за него да гласаат над 900 илјади граѓани. Во спротивно, на 5 мај ќе има втор круг со двајца кандидати, а избран е оној што ќе има повеќе гласови, доколку има излезност од 40 одсто.

 

Соња Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ