Тројца доктори од Клиниката за пуломолгија заразени со корона вирусот, бројот на заболени достигна седум
Тројца доктори од Клиниката за пуломолгија се заразени со корона вирусот со што бројот на заболени во оваа клиника достигна седум, потврди за Телма директор на пулмологија Дејан Докиќ.
Докиќ објасни дека здравствените работници не се заразиле од пациент туку дека болеста се проширила мегу вработените. Прва позитивна на Ковид 19 беше медицинска сестра од Куманово која се заразила во местото на живеење. Минатата недела позитивни на корона испаднаа уште тројца медицински работници кои вирусот го добиле од неа, а денеска се потврдени уште тројца доктори. Докиќ во разговор за Телма истакна дека во клиниката сите што работат со пациенти ги почитуваат протоколите и носат целосна заштитна опрема, но потенцираше дека овие доктори и медицнски лица најверојатно се заразиле меѓусебе најверојатно додека престојувале во чајната кујна на клиниката.
Нов случај на заболен доктор има и во Болницата во Куманово потврдија за од тамошниот центар за јавно здравје а позитивна на корона е и медицинска сестра од интерната амбуланта од струшката болница. Поради ова три сестри и една докторка се во самоизолација.
Ова е второ медицинско лице заразено во истата болница, но според здравствените власти болеста не ја добила од болничарката која се заболи откако била во контакт со заболен пацинет од Лабуништа и а потоа беше и во самоизолација, туку од пацинет во амбулантата. Заменик министерот за здравство Арменд Арслани вели дека според епидемилолшката анкета имала контакт со првата заболена од Ковид од градот Струга, но во тој момент ниту пацинетката не знаела дека е заболена. Вчера во болницата надзор вршел здравствениот иунспекторат
Директорот на струшката болница Мухамед Асани во телефонски разговор не уверуваше дека максимално се почитуваат сите мерки на сзо и од здравство и има заштитна опрема за лекарите и медицинскиот персонал.
Според последните официјални податоците на Институот за јавно здравје, заклучно до вчера во земјава регистрирани се 143 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Пред два дена министерот филипче пак кажа дека до сега 7 мина оздравеле.
Елена Ивановска Муковска