
Тројно убиство во Дебар – Застрелани сопружници и малолетна ќерка
,,На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот”, информираат од полицијата.
Во текот на ноќта екипи на полицијата вршеле увид на местото на убиството.
- Мотивите за тројното убиство се непознати, но соседите шпекулираат дека можна причина за тоа се расправии околу имот.