
Тринаесет медицински лица од три различни одделенија во битолската болница одат во домашна изолација
Тринаесет лица од медицинскиот пероснал од три различни одделенија во битолската болница одат во домашна изолација и под здравстевен надзор, откако е утврдено дека имале контакт со пациент заразен со КОВИД -19. Болниот, инаку со психијатриска дијагноза, на 10 април бил примен на психијариското одделение, а претходно бил прегледан на Ургентно. Потоа бил препратен на интерното одделение. Иако на почетокот немало сомнеж дека е заразен и немал температура при приемот, подoцна по покачување на телесната темератури се водел како сомнителен слуачај. Од болницата тврдат дека сепак со пациентото на сите одделенија се постпувало по протоколите.
-Пациентото не се мешаше со другите пациенти, не користеше тоалет бидејќи беше поставен катетер, пациентот не одеше во тоалет бидејќи е неподвижен и не излегуваше од собата. Кај пациентот се влегуваше согласно сите проетоколи за заштита. Медицинскиот пероснал кој обебзбеден со доволно заштитна опрема согласно нивота изложени на ризик, постапуваа согласно протоколите, рече директрката на Клиничка болница-Битола, Билјана Гагачовска.
Инаку пациентот е битолчанец, се лекувал во Психијатриската болница во Демир Хисра, но не лежел и немал контакт со лекарот од оваа установа кој е заразен со КОВИД-19. Него му бил земен материјал за тестрање на 11 април, а доцна синоќа бил добиен резултатот дека е позитивен, по што е префрелн на Инфективно одделение во битолската болница и е во добра здравствена сосотојба.
-По најкраткиот пат, пациентот беше префрлен во Инфективно одделение. Патото по кој се движеше, одделнијата каде што помина и каде прстојуваше беа дезинфицирани, детално и темелно исчистени, рече Гагачовска.
За случајот имаше жестоки реакции на социјалните мрежи од некои лекари во битолската болница, кои што реагираа дека резултатот се чекаше 4 дена, период во кој персоналот бил изложен на ризик, а друга лекарка апелираше да се обезбеди заштитна опрема за медицинскиот персонал. Менаџментото пак ја повика полицијата и обвинителството да го испитаат слуачјот за ширење паника и лажни вести, а најавија дека
-Болницата ги разгледува правните можности и ќе поднесе кривична пријава против оние кои ширеа паника и дезинформации во јавноста и меѓу вработените во болницата, рече дирекрорката.
Од болницата повикаа здравстениот и санитарен инспекторат да изврши инспекциски надзор, да се утврди дали во случајот се постпувало по протоколи. Велат дека да нема да има проблеми во нормалното функционирање на болницата поради медицинскиот пероснал кој заминува во изолација, затоа што по системот за ротација денеска му завршува смената на првиот тим и се вклучува вториот.
Емилија Мисирлиевска