
Триесет и три лица од Кочани во моментот се наоѓаат во домашна изолација
Триесет и три лица од Кочани во моментот се наоѓаат во домашна изолација, како задолжителна мерка за спречување на потенцијалното ширење на заразата со коронавирусот. Локалната власт ги повика граѓаните кои се вратиле од странство да ги почитуваат препораките за самоизолација и да не си дозволат полициски или медицински лица да ги опоменуваат. Кочани уште пред два дена презеде мерка за легитимитрање на оние кои влегуваат и излегуваат од градот. Во Штип пак во моментов во самоизолација се вкупно 13 граѓани. Раководителката на Центарот за јавно здравје-Штип повика граѓаните кои се вратени од странство да се самоизолираат, а на тој начин мислат на колективното здравје на граѓаните.Граѓаните доколку забележат дека овие лица не ги почитуваат мерките можат да ги пријават и во полиција.
Градоначалниците од источниот регион, а посебно во оние општини каде што граѓаните се иселени, но поради корона вирусот дел од нив се и вратени постојано апелираат да си седат дома. Преземени се и низа на превентивни мерки, какошто се дезинфекции на улици, тротоари, се зтавараат и Градските пазари, а затворен е и единствениот сточен пазар на истокот во селото Облешево.
Викторија Јованова