
Три одвоени синдикални протести за поголеми работнички права
„Не може да се одлучува за нас, без нас“. Под ова мото, ССМ побара повисоки плати, зголемување на породилното отсуство, слободни викенди, стабилен пензиски систем, зголемување на испратнините при отказ, регрес за годишен одмор за сите вработени.
Синдикалците маршираа од ССМ, преку Собранието,кон владата, но за кратко мораа да направат пауза. Платото пред владата беше зафатено од други синдикалци.
Барањата на синдикалните организации се исти или слични, оттаму и за работниците е нејасно, зошто не настапуваат заедно?Сметаат дека така имаат поголеми шанси да се изборат за повеќе права.
Протестирањето само на Први мај, за нив нема ефект, затоа и бараат денешната слика да се повторува почесто.
И додека синдикалните лидери ги доставуваа барањата во владата, меѓу кои се и тие за плаќање на прекувремена работа, на работа ноќе и на празници, работниците на објектите во центарот на фградот, работеа и денеска. На страницата на инспекторатот за труд има број за пријава на злоупотреби, образец за пријава на работа на државен празник, но не и опција дежурниот инспектор тоа и лично да го провери. Како што ни беше кажано по телефон, тој денеска не може да излезе на терен.
Далиборка Демјанска Цветановска