
Три години затвор за Павлевски и една година Георгиевски за нападот врз Села
Обвинителството им го преквалификува делото од обид за убиство во насилство, тие го признаа, судот ги казни. Три години затвор доби Стојан Павлевски и една година и два месеци Цејо Георгиевски. Осудени се за нападот врз пратеникот Зијадин Села на инцидентите во собранието на 27 април лани. Бидејќи во казната им се пресметува и времето кое го поминаа во притвор со што им се скратува времето кое ќе треба да го одлежат в затвор. Од судот сепак излегоа разочарани.
Стојан Павлески и Цејо Ѓорѓиевски после 8 месеци одбрана за обид за убиство добија преквалификација на дело по што рекоа дека се каат за насилството врз села. Павлески е човекот кој меѓу првите влета во пресс центарот и нагрна на пратениците. По тоа со ѓеорѓиевски фрлале предмети кон пратениците и извршиле насилства во пресс центарот беше обелоденето во текот на судењето. Ветија дека агресијата никогаш повеќе нема да ја повторат. Олеснителна околност беше што до крвавиот четврток не сториле кривично дело, имаат лоша финансиска состојба и вложено здравје. Инаку обвинителството се откажа од гонење на Сашо Сенков. Сега уште седуммина обивнети продолжуваат до крај на процесот за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Крунските докази беа видео снимките и дузината сведоци предложени од обвинителството.
Билјана Николовска