
Три години затвор за Кичеец
Казна затвор од три години за примање награда доби Зоран Милевски – Кичеец, третообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото. Судот одлучи да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителствот и одбраната.
Обвинителската Вилма Русковска предложи продолжување на куќниот притвор до издржување на казната, а адвокатите на Милевски пак бараа да се укине, затоа што треба да се грижи за неговиот болен татко, и дека не планира да бега. Тие истакнаа дека и досега секогаш бил достапен и признал вина.
Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.