
Три години затвор и притвор заработи екс – шефот на УБК Сашо Мијалков
Доби три годиини затвор но и директен билет за притвор во Шутка, за таму да ја чека правосилната пресуда за „Титаник 2“ предметот во кој тој одговара дека преку лидерот на ДПА Тачи влијалел врз одлуката на ДИК да има прегласување за градоначалник на Струмица. За казната не реагираше, но на барањето за притвор на обвинителката Фетаи одговори дека бегството не е негов стил а дека подготвен е да ја одлежи казната ако потврди и апелација. Поради опасност од бегство заедно со екс шефот на УБК во притвор оди и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими кој доби и највиоска казна од 4 ипол години затвор
Три години и два месеца затвор доби Тачи, кој единствен денеска не присуствуваше на објавувањето на пресудата, а по три години затвор поранешните членови на ДИК Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија по суд. Добија и мерки редовно јавување во суд. Одговараат за злоупотреба на службената положба, дело за кое е определена казна затвор од минимум пет години но судот им ја ублажи казната под овие граници. Судијата Огнен Ставрев порача и дека никој нема право да ја узурпира правната држава за лични цели.
Одбраната најавува жалаби и за притворот и за казните. Една од причините поради кои Фетаи бараше протвор за Мијалков е токму очекувањето дека Врховен ќе го пушти од домашен притвор како Камчев и другите осомничени во „Империј“а. Од највиосиот суд се уште не одлучиле. Освен за Титаник 2, на ексдиректорот на УБК му се суди и за Таргет за прислушувањето, Тортура за апсењето на Бошковски и Трезор за опремата за УБК.
Елена Ивановска Мукоска