
Три години од упадот во Собранието
Три години од немилите случувања во собрснието, се уште траат судски процеси против дел од сторителите. Последни во обвинителка клупа седнаа според обвинителката Вилма Русковска организаторите на упадот во законодавниот дом. Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, и Владимир АТанасовски екс директор на УБК на првото и последно одржано рочиште заради панедемијата со вирусот во судот рекао дека се невини. Обвинет во овој случај е и Никола Груевски, но тој е во бегство.
Година претходно заврши и еден од најкомлепксните судски процеси во историјата за учесниците во организираниот напад на Собранието,во кој 17 луѓе добија 211 години затвор. Судот им пресуди и на поранешниот директор на бирото за јавна бебздност Митко Чавков кој доби 18 години, а други полициски службеници добија по 15 годишни затворски казни. Оперскиот пеач Дурловски беше ослободен од обвинението. Најмала затврска казна од 8 години доби Александар Василевски Нинџа, чиј што сведочења силно одкенуваа во јавностао откривајчи, нови и нови детали од начинот на органзиацијата за уапд во собранието. Во овој предмет 15-тмина меѓшу кои и актуелни пратеници беа амнестирани со закон во собранието.
Во кривичниот суд во Скопје отпочнаа и завршија и други случаи, дел завршија со затворски. Новинарите кои се најдоа мешу насилниците и пратениците тој ден отпочна и свој процес во граѓанскиот суд со тужба заради нарушување на правото на слобода на изразување. 27 април 2017-та година се случи откако толпа луѓе влезе во собарнието незадволни од изборт на Талат Џафери за собраниски спикер. Најерзиобни повреди во нападите доби пратнеикот и лидер на Алијанса на албанците Зијадин Села.