Три ДУП-ови се ревидирани, а во Маџир Маало ќе се градат згради, по ќејф на жителите

Фекална канализација ќе добијат со реконструкција на улицата, а ќе добијат и станбени згради со новиот детален урбанистички план, порача во нивното маало градоначалникот Саша Богдановиќ.

Откако ќе заврши мораториумскиот “пост“ за градење за два месеци во едно од најстарите скопски маала на електричниот столб ќе се објави повик. Преку средби со општинарите секој ќе каже како да изгледа оваа населба.

Со дупот од 2011-та, а опфатен со ревизијата тогашната локална власт и советот одбориле 80 блокови со згради, 1600 станови за 6,200 жители. Ниту еден парк, катна гаража, училиште или градинка. Овој и уште 31 детален урбанистички план биле скроени за инвеститорите, а не за граѓаните вели Богдановиќ којшто објави дека 3 планови веќе претрпеле измени и ќе одат пред советниците.

Дотогаш два потпорни зидови се урнаа, а атмoсферските води се излеаа во околните домови. Богдановиќ од Маџир Маало уште еднаш им порача на угостителите да поднесат барања за терасите на тротоарите бидејќи во наредните денови ќе започне отстранувањето на диво поставената урбана опрема со помош на полицијата.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ