
Три деца починаа во кумановско по експлозија на плинска боца
Денеска околу 10,00 часот во кумановското село Романовце во куќа, сопственост на Ш.А од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.
Известен Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.
Од МВР неофицијално соопштуваат дека се работи за малолетни лица, уште трае увидот и на никого не му е дозволено да се приближи до куќата.