Три часа за утврдување Дневен ред во Собранието

Координации, пауза и десетици неприфатени барања на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Дневниот ред беа причина што за неговото изгласување беа потребни повеќе од три часа. ВМРО-ДПМНЕ, која присуствуваше на седницата само заради Законот за јазиците, поднесе 35 илјади 569 амандмани. Од нив, над 33 илјади 600 за казнените одредби. Денеска забрзано се преведуваат, бидејќи според актуелниот закон, пратениците албанци треба да ги добијат на албански. Според опозициската партија, овој закон е противуставен и едностран, бидејќи не е прифатена ниту една забелешка од нив или од стручната јавност. Таквата исклучивост, велат, може да продуцира кризи, како Уставот од 91, донесен без согласност на албанската заедница.

Алијансата за албанците ги повика колегите од опозицијата да не ја продлабочуваат поделбата.

Во Собранието повторно недоразбирања, исклучени микрофони и дофрлања од место.

Џафери одлучи да ги смири дополнителните тензии предизвикани од предлогот на пратениците да изберат потпретседатели на Собранието.

Додека изборот на неговите заменици останува за некоја друга седница, расправата по Законот за јазици ќе почне кога ќе заврши преведувањето на амандманите и кога мнозинството ќе обезбеди кворум, или, што би рекол Џафери, кога ќе се создадат деловнички можности.

Соња Николовска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ