Три часа траела акцијата за спасување на македонските скијачи во Банско

Цели три часа траела спасувачката акција на петминатамакедонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија. Спасени беа синоќа во Дамјанишката долина, а во акцијата учествувале десет спасувачи. Петмината се движеле по необележани патеки и паднале во провалија. Сигналот за помош бил испратен до спасувачката служба во Банско. Сите петорица се во добра здравствена состојба.

Ова е не е првпат деновиве да се губат сноубордисти. Пред два дена беа извлечени неколку тинејџери од Србија, а пред тоа момче и девојче од Бугарија загинаа, откако врз нив падна лавина. Сите скијале на диви патеки во околината на Банско.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ