Трговската размена меѓу Македонија и Словенија може да биде поголема

Трговската размена меѓу Македонија и Словенија до 2020 година може да достигне 500 милиони евра.Економската соработка оди во нагорна линија,државите прават напори да создадат стабилна и безбедна клима во која инветситорите ќе вложуваат а граѓаните ќе имаат повисок стандард.Премиерот Заев ги охрабри стопанствениците од двете земји да учествуваат во инфраструктурните проекти што според него ќе гарантира економски раст од 3,2 % па дури и 4 %

„Како Влада не нe интересира вашиот профит, туку наш интерес е придонесот во создавањето на бруто домашниот производ, зголемувањето на извозот, вработеноста“, кажа Зоран Заев премиер на РМ.

Пријателските односи треба да се градат полека на долг рок но може да се урне многу брзо рече премиерот Миро Церар на македонско словенечкиот бизнис форум, ветувајки силна поддршка за членство на Македонија во ЕУ

„На тој пат многу е важна стопанската, културната и политичка  соработка. Ако соработувате со земјите од ЕУ веќе сте повразни со Европа, а тоа е добро. Но, ако односите се нарушат и се дезинтегрираме, Европа ќе го загуби Западен Балкан, а тоа е многу лошо“, кажа Миро Церар, премиер на Р. Словенија.

Македонија има неколку големи инвестиции во Словенија, а тој број може само да расте. Словенечките инвеститори според Бранко Азевски се уште можат сериозно да профитираат од нискиот стандард во Македонија

„Некој вели дека заработуваа на нас и нашиот низок стандард, но велам дека и ние заработувавме на нив“, кажа Бранко Азевски од Стопанска Комора на Македонија.

Трговската Размена меѓу македонија и Словенија изнесува 300 милиони долари годишно и бележи раст од 10-15 %.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ