
Тргна процедурата по барањето за екстрадиција на Морина
Барањето за екстрадиција на поранешниот припадникот на ОВК Томор Морина со сите документи поради кои Србија бара да и биде испорачан пристигна во Кривичниот суд. Но пред да се произнесе судот ќе чека мислење од обивнителството.
„Судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното обвинителство, а по добивање на мислењето судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција.“
За разлика од вицепремиерот Бујар Османи кој не доби дозвола да го посети во притвор Морина кој е во Шутка од 25ти јули кога беше приведен по потерница на Интерпол од Кривичен информираат дека претставници на косовската амбасада побарале и им е одобрена посета на притвореникот. Но тој освен косовско има и британско државјанство потврди минатата недела министерката за правда која ја објасни и процедурата.
Кога ќе се знае конечната одлука дали Морина ќе биде испорачан никој од надлежните не може да каже бидејќи треба да помине целата законска процедура која продразбира и рокови за жалби. Сепак последниот збор го има Министерството за правда.
Србија го бара Морина под сомнение дека извршил воени злосторства а Косово смета дека нема основ да биде испорача, како и да е двете земји деновиве испратија пораки според кои како и да одлучат македонските институции некој сосед нема да биде задоволен. Србија испрати порака дека Македонија мора да го почитува меѓународното право и да го екстрадира а од Косово рекоа дека барањето за екстрадиција е незаконско и се заканија со нарушување на односите.
Елена Ивановска Мукоска