Тревога во американската амбасада- итна инетревнција на пожарникарите откажана

Попладнево скопските пожарникари биле повикани да интервенираат во амбасадата на САД во Скопје, потврдија за Телма извори вклучени во интервенцијата.

Но по проверките на пожарникарите од безбедносните служби на амбасадата, повикот за интервенција бил отповикан и на пожарникарите им било кажано дека најверојатно станува збор за вклучен аларм за пожар по грешка.

Не е познато дали случајот е поврзан со настанот од последното соопштение на МВР за спречен терористички напад од страна на ИСИС и во соработка со партнерска држава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ