Трета жртва на Ковид 19 и 29 нови случаи на заболени

Пациентката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина попладнево починала на Инфективната клиника. И покрај сите напори на докторите и медицинскиот персонал 66 годишната жена која имала хронични проблеми со висок притисок е третата жертва од опасниот вирус. Расте бројот и на новозааразени. 29 од кои 20 нови во Скопје. Петмина новодијгностицирани се од Клиниката за кожни билести кои биле во контакт со ексдиректорката. Денеска биле тестирани 30-мина кои беа во контакт со Билјановска во наредните 4 денови ќе се тестираат и другите во групи.

Од 29-те нови случаи пет се од Кожната клиника кои по 16 дена поминати во изолација се без никакви симтоми, но на направените контролни тестови, со оглед дека помина инкубацискиот период, тие имаат позитивен резултат. Лицата се во добра здравствена состојба, асимптоматски се, ќе останат во домашна самоизолација и согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од инфективната клиника, рече Филипче.

Со овие петмина бројот на здравствени работници заболени од корона е околу 15, потврди  Филипче. Во Скопје, Дебар, Куманово и Кавадарци. Министерот за внатрешни вчера потврди и дека има тројца заразени припадници од МВР еден од полициската станица Бит пазар, друг од Оделот за јавни набавки и трет од крим техника. Попладнево и армијата пријави двајца припадници позитивни на Ковид 19. Подофициер и војник кои извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје и изминатиот период според соопштението од ГШ не биле во странство. Едниот од нив работел во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал и војничкиот ресторан е целосно дезинфициран.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Ковид 19, соопштуваат од Генералштабот.

Велес и  Прилеп се новите градови на мапата со заболени од Ковид 19.  Во Велес има 3 случаи а во Прилеп двајца заболени. Според податоците од Министерството за здравство,  Македонија по втор пат го достигна пикот од 29 дијагностицирани за 24 часа. Вкупната бројка достигна 177 заболени од овој опасен вирус. Скопје останува со најмногу заболелни 108, од кои 20 последното денонокие.  Куманово со нови тројца заболени од корона има вкупно 11 од кои еден починат и Дебар еден нов или вкупно 41 од кои почина еден пациент.  Штип останува со 7 заболени, Кавадарци два, Охрид два и Гостивар еден. Тројца од  заболените од корона хоспиттализирани на Инфективната клиника се на чекор да биде пуштени на домашно лекување. Четворица пациенти биле тестирани и сите имале негативен резултат.

Кај сите нив ќе биде земен уште еден контролен тест, и доколку и тој тест е негативен, тројцата пациенти ќе бидат подготвени да се упатат на домашно лекување, рече Филипче.

Министерот истакна дека е добро тоа што новодијагностираните случаи се откриваат во рана фаза и на тој начин здравствениот систем може да ја амортизира бројката на пациенти.

Филипче инфомираше и дека од денеска двајца пациенти на Инфективната клиника веќе се ставени на новата терапија.

Потребно е да се направи кардиолошка анализа ЕКГ затоа што има таму и една контра индикација, значи не се дава на сите пациенти бидејќи може да има и контраиндикација. Луѓето да не купуваат на своја рака или да се обидуваат да ги најдат лековите, мора да се даде според точна индикација на лекар специјалист“, апелираше министерот за здравство

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ