Трета среќа за договор со опозицијата за судбината на СЈО

Премиерот е убеден дека ќе се постигне согласност со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО. Верува дека е можно сите заедно да застанат зад квалитетен закон и вели дека, ако направат напори, може да се постигне договор до 1 април, за да може и Собранието да го изгласа законот пред распуштањето, а и за да не се користи темата како адут во изборната кампања. Но, не открива конкретно кои од условите на опозициската партија се прифатливи за него.

Условите на ВМРО-ДПМНЕ се, Државниот јавен обвинител да се бира на предлог на опоизцијата, СЈО да стане дел од обвинителството за организиран криминал, а постапките да не важат после 30 јуни 2017-та.

Денеска и опозициската БЕСА постави услови. Ќе гласаат за новиот Закон за јавно обвинителство, само ако СЈО остане да функционира како независна институција, а не како што се предлага, да биде составен дел од Јавното обвинителство. Бараат и гаранции за неселективна правда, а бомбите да продолжат да бидат докази во постапките, особено против лица од ДУИ.

Доколку не се постигне договор со опозицијата, за судбината на СЈО ќе одлучуваат осумтемина пратеници на кои ВМРО-ДПМНЕ им даде црвен картон а кои може да обезбедат двотретинско мнозинство.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ