
Трета пресуда за „Змиско око“
Четрири ослободителни и 42 условни казни пресуди кривичниот суд на обвинетите во Змиско око.
Од кривичен велат дека се следеле напатствијата на Апелациониот суд, кој два пати ја укинува пресудата и ја враќа на повоторно судење. При анализа на доказите и при одлучувањето судот се раководоше исклучиво од материјалните докази кои укажуваа на кои наплатни станици е констатирана некаква штета, а на која на платна станица не е утврдена никаква штета при работењето на инкасантите, стои во соопштението на судот од каде информираат и дека при објавата на пресудата еден од обвинетите упатил навреди и пцовки кон судечкиот совет за што судот ќе изготви службена белешка и ќе покрене соодветна постапка. И по третата пресуда обвинетите кои 13 години се по судските лавирнити се незадоволни велат се уште нема правда. Очекувале ослободителна пресуда бидејки не била утврдена штета а имаат забелешки за вештачењето и дека вештакот не бил лиценциран. По трет пат ке се жалат пред апелација.