
Трет ден протест на тетовските студенти – крај на корупцијата и митото
„Бараме правда, не не игнорирајте, крај на корупцијата и митото!“ Ова се само дел од скандирањата на тетовските студенти во зградата на ректоратот на Тетовскиот универзитет, револтирани од неостварената средба со управата на оваа високообразовна институција.
Тие велат дека дека првите луѓе на универзитетот им ветиле дека се подготвени денеска да ги примат и да разговараат со нив во врска со нивните барања. Но, ставот наеднаш го сменија. Сега бараат на состанокот да присуствуваат само неколку студенти, штo за нив е неприфатливо.
Тетовските студенти трет ден протестираат револтирани од митото, корупцијата и нетранспарентноста на факултетите, каде за да добиеш оценка или потпис во индекс мора да купуваш авторски книги од професорите.
Тие деновиве упатија 14 барања. Денеска ги истакнаа дел од нив, кои како што рекоа се најприоритетни за исполнување.
Студентите најавија дека протестите ќе продолжат, и истите ќе се радикализираат, ако за рок од седум дена не започнат преговорите и исполнувањето на нивните барања.
Зоран Димовски